Атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо се случи на 15 мај 2024 година во Хандлова, мал град во централна Словачка. Напаѓачот Јурај Цинтула (71) пукал во Фицо додека се поздравувал со граѓаните по состанокот на владата.
Фицо го погодиле четири куршуми, од кои два го погодиле во стомакот, еден во рамото, а еден куршум поминал веднаш покрај црниот дроб. Речиси една година по обидот за атентат врз премиерот Фицо, објавено е ново видео од тој момент.
Финската телевизија „Yle“ објави досега невидено видео од обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо.
Финскиот јавен радиодифузен сервис „Yle“ произведе 50-минутен документарен филм за Словачка, а во него објави и видео од обидот за атентат врз Фицо што се случи во мај 2024 година.
На видеото се гледа како напаѓачот отворил оган кон премиерот, се додека не се затворат вратите од лимузината во која безбедносните сили го сместиле ранетиот премиер.
Во документарецот не се гледа само како Фицо паѓа на улица по пукањето, додека обезбедувањето го крева од земја и го фаќа за пазувите, туку и неговата реакција веднаш по пукањето.
Ова видео е снимено од локалната словачка ТВ станица „Privigye“ и тоа е сосема случајно. Во близина се наоѓале снимател и новинар и снимале снимки за вестите кои требало да се емитуваат дури подоцна.
Но, напаѓачот токму во тој момент го застрелал премиерот на Словачка, а новинарите видеото им го предале на истражителите, но и на финската телевизија која снимила документарен филм.
– Имав предвид дека ова нема да биде на вести, туку во документарец кој ќе ја отслика ситуацијата. Си реков дека поминало доволно време. Премиерот беше жив и релативно здрав – објасни Дана Реиндлова, директорка на регионалната телевизија „Privigye“, која како репортер беше сведок на атентатот.
Tagged as:
луѓето гледаат во шок обезбедувањето го крена Словачкиот премиер падна на улица
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
