Словачка ќе ги протера сите што имале врска со обидот за државен удар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека во моментов се подготвува список на лица кои административно ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар.

Тој во емисијата „Саботни дијалози“ на телевизијата СТВР најави дека протерувањето ќе биде извршено „во следните неколку дена“.

Според него, вчерашните протести во неколку словачки градови биле организирани врз основа на „лагата“ дека неговата влада сака да ја „извлече Словачка од Европската унија и НАТО“.

– Се истражуваат и финансиските текови, како се финансирало, организирало, кој стои зад сето тоа. Тоа е глупост – рече Фицо.

Нагласи дека не планира да поднесе оставка во врска со протестите и дека за изборните резултати не се одлучува на улиците, туку на парламентарните избори. 

Share This Article