Background

Следниот месец ќе биде пуштен тунелот Муриз

Со пуштањето во употреба на тунелот Муриз, најавено за 14 идниот месец, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) од граничниот премин „Блато“ кај Дебар, до Тирана ќе се стигнува за еден час.

„На 14 март ќе го отвориме големиот тунел Муриз за пристап за сите возила, а ќе продолжиме со работа на помошниот тунел, кој е за итни случаи. Со пуштањето за сообраќај на овој тунел од Дебар до Тирана ќе се пристигнува за еден час“, објави на Фејсбук вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку по извршениот увид во работите.

Според нeа со пуштањето во сообраќај на тунелот го прави достапен целиот автопат, во должина од 74 километри, наспроти над 180 колку што изнесуваше претходно.

- Advertisement -
Ad image

„Со должина од околу 74 километри „Патот на Арбр“ ќе стане важен коридор за поврзување Исток-Запад. Не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија со Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде и артерија на економскиот развој и туризмот. Исто така, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ќе ја поврзува Тирана со Пешкопеја, како и со Македонија, Дебар, Тетово и Скопје, така што ќе биде меѓународен пат за поврзување“, објави Балуку.

Тунелот Муриз започна да се отвора во мај 2019 година, но работите одеа многу побавно од предвиденото, поради тешката геологија и лизгањето на земјиштето. Тој е со должина од 3,78 километри со два дела, за редовен сообраќај и за итни случаи. Севкупно, автопатот има 7 тунели, со вкупна должина од 8,5 километри, како и 4 моста, едниот од нив, со 158 метри е највисок на Балканот.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, од кога во контиунитет се зголемува фреквенцијата на патници на преминот „Блато“. Така, минатата година, според македонското МВР, на влез и излез регистрани 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation