Следниот месец, односно месец август 2025 година ќе ни биде потопол за 2 до 3 степени од повеќедеценискиот просек (односно од периодот 1993 – 2016 година). Ова значи дека топлотни бранови ќе има и во текот на месец август, и тие повремено ќе бидат и нешто поинтензивни, односно повторно ќе ни донесат температури од над 40 степени, особено во Повардарието.
Топлотни бранови во текот на месец август 2025 година ќе има во најголем дел од Европскиот континент.
– Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат околу просекот за месец август. Повремено очекуваме дестабилизација на атмосферата која би донела и повремени поројни врнежи од дожд, грмежи, ветер, а локално може да очекуваме и нови временски непогоди на Балканот, во Македонија, како и пошироко во Европа – велат метеоролозите.
Сѐ на сѐ, вистинските летни температури на воздухот продолжуваат и во текот на месец август 2025 година, со повремени освежувања и развој на нестабилност проследена со врнежи и грмежи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
