Background

Скопјанец ја напаѓал поранешната девојката и ѝ се заканил дека ќе му наштети на брат ѝ

Серија закани, навреди и агресивно однесување го донесоа 33-годишен скопјанец пред лице на правдата, откако Јавното обвинителство поведе постапка против него за продолжено загрозување на сигурноста.

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје, во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла повеќепати ѝ се заканувал на својата поранешна партнерка преку писмени и говорни пораки на социјалните мрежи. Наместо да престане, неговото насилно однесување се засилило откако таа го напуштила заедничкиот дом, поради континуираните закани и навреди што ги трпела.

Кулминацијата се случила на 30 октомври, кога осомничениот ја пречекал девојката пред една клиника во Скопје, каде таа била на лекување. Според пријавата, тој почнал агресивно да се однесува, ја тегнел за рака и ја принудувал да се врати во неговиот дом. Притоа, ѝ се заканил и дека ќе го нападне нејзиниот брат, со што кај неа предизвикал сериозен страв и чувство на загрозеност.

- Advertisement -
Ad image

„Обвинителството постапува со најголема сериозност кога станува збор за закани и семејно насилство. Во овој случај, беше побарана мерка притвор поради опасност осомничениот да го повтори делото или да влијае врз оштетената“, велат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор за осомничениот, кој се товари за продолжено загрозување на сигурноста, дело казниво според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation