Топ Вести - Слушај сега
Полицијата расчисти случај на измама со лажна сообраќајна несреќа, при што е уапсен 46-годишен маж од Скопје, осомничен дека измамил жена од Прилеп за значителна сума пари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот на 4 ноември минатата година телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор во странство. Тој ѝ кажал дека нејзините внуци наводно предизвикале тешка сообраќајна несреќа во која загинало дете и дека се потребни пари за да се „среди случајот“ и едниот од нив да не заврши во затв
Исплашената жена, верувајќи во приказната, оставила 2.000 евра и 1.000 долари на договорено место.
По преземени оперативни мерки на полицијата од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција, осомничениот бил пронајден и лишен од слобода. По изведувањето пред судија на претходна постапка, му бил одреден притвор.
Од полицијата апелираат граѓаните да бидат внимателни на вакви измами, особено кога се бара итна уплата на пари по телефонски повик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
