Полициски службеник од Зелениково доби кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола при МВР, откако возел пијан, го пресекол патот на друго возило, а потоа и физички го нападнал возачот.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава против Л.Д. (26) од село Зелениково е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Л.Д., кој е полициски службеник во Секторот за известување и координација на состојби во МВР, на 21 април 2025 година, на подрачјето на Кисела Вода, управувал моторно возило под дејство на алкохол со концентрација од 1,65 промили. Притоа, возејќи на полна линија, го пресекол патот на друго возило, загрозувајќи ја безбедноста на возачот и патниците.
Откако двете возила застанале, пријавениот упатувал закани кон другиот возач и физички удирал по неговото возило.
Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел и предлог за поведување постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина од страна на Л.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
