Вирално стана видео од коза како мирно „грицка“ на жици од далноводи неколку метри над земјата. Сите само се прашуваат: „Како успеа да стигне таму?
Шетач во град во бразилската држава Сеара бил сведок на неверојатна сцена на почетокот на април.
Коза стоела на жици од далновод за струја, неколку метри над земјата, „гризела“ зеленило кое најверојатно се заглавило меѓу жиците, пренесува порталот What’s The Jam.
Познато е дека козите се вешти планинари, но како успеала да се искачи на далноводот не е познато.
Очигледно, таа немала некои поголеми проблеми со рамнотежата. Одвреме-навреме гледаше наоколу за момент, па се враќаше на својот „ручек“.
Видеото стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи се прашуваат исто како нас: „Како го направи тоа?
Исто така, не е познато дали козата успеала да стигне до врвот и како се вратила на земјата.