Сите пациенти што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба, сепак 20 лица остануваат во критична состојба

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите пациенти што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. Сепак, 20 лица остануваат во критична состојба, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој ги повика сите што биле присутни во дискотеката за време на пожарот, а не се пријавиле досега, да се јават во здравствените институции поради евентуални компликации.

– Има пациенти што вчера не се јавија, а денеска се појавуваат со симптоми. Ги повикувам сите што биле во трагичниот настан да се пријават кај матичните лекари – порача министерот.

Таравари објасни дека дел од пациентите биле транспортирани во странски болници со цел да добијат најдобра можна нега, особено бидејќи Македонија нема специјализиран центар за третман на изгореници, но ниту поголеми држави немаат центри за изгореници, па затоа сите земји распределуваат пациенти на различни локации.

Дистрибуција на пациентите низ земјава и во странство
Според најновите информации, 84 пациенти се во македонските болници, додека 51 се испратени на лекување во странство.

Моментално се згрижени 49 пациенти во Клиничкиот центар во Скопје, 18 во ГОБ „8 Септември“, 17 во Градска болница Скопје, а во Штип се пријавиле двајца нови пациенти.

Од пациентите што се на лекување во странство, 9 се во Турција (3 во Истанбул, 6 во Анкара), 14 во Бугарија, 5 во Грција, 17 во Србија, 2 во Унгарија, 4 во Литванија, а денеска треба да бидат испратени дополнителни 2 во Словенија, 4 во Хрватска и 6 во Австрија.

– Очекуваме уште 12 пациенти да бидат транспортирани со авион во Белград. Ситуацијата е под контрола, но очекуваме можни компликации во наредните 24 до 48 часа – предупреди Таравари.

Помош од странски медицински тимови
Во Македонија веќе пристигнале медицински тимови од Чешка, а се очекува пристигнување на експерти од Израел и од Белград.

- Advertisement -
Ad image

– Ќе ги распределиме каде што има најголема потреба, бидејќи пациентите со изгореници бараат специјализиран третман – истакна Таравари.
Покрај медицинската нега, министерот најави и психолошка поддршка за повредените и нивните семејства, а во текот на денот ќе одржи состанок со специјални психолошки тимови за формирање групи од психолози и психијатри кои ќе работат во Кочани, на клиниките и во болниците каде што има потреба од поддршка.

Згрижени се сите повредени, следува критична фаза
Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, нагласи дека македонскиот здравствен систем успешно ја завршил првата фаза на згрижување на повредените.

– Со сите критики што се упатуваат кон македонското здравство, над 140 повредени беа примени со сериозни изгореници и успешно згрижени – рече Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Тој објасни дека хируршката фаза во третманот на изгореници веќе е завршена, но следува критична инфективна фаза.

– Ја совладавме хируршката фаза, сега доаѓа инфективната фаза. Пациентите имаат оштетување на кожата, мора да бидат третирани во стерилни услови – појасни директорот на Фондот за здравство.

Клековски нагласи дека Македонија, како и многу други земји, нема капацитет за третман на голем број пациенти со тешки изгореници.

– Доколку имавме центар за изгореници, ќе можевме да примиме 4-5 пациенти, но никако 100 или 150 – објасни тој.

Клековски додаде дека во вакви случаи, кога станува збор за огромни несреќи, секоја земја мора да бара помош од странство.

Дополнително, странските медицински тимови кои пристигнуваат во земјава се состојат од воени лекари со искуство во третман на пациенти со изгореници.

– Докторите што доаѓаат од Белград, Прага и од Израел се воени доктори со искуство за изгореници. Кај нас кога имало случаи со изгореници, тоа биле 1-2 тешки случаи на 2 години. Овие настани не се толку чести за да можеме да го акумулираме потребното искуство – појасни Клековски.

Министерот Таравари изрази благодарност до сите медицински работници и институции кои учествуваат во третманот на пациентите.

Во трагичниот настан животот го загубија 59 млади лица, а 155 повредени беа хоспитализирани.

Share This Article