Background

Сите индикатори, кои се објавуват за првиот месец од вториот квартал, се вонредно високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нулата

Сите индикатори, кои се објавуват за првиот месец од вториот квартал, се вонредно високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нулата, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, посочувајќи го подобрувањето на економската состојба во земјата.

– Доколку имаме предвид дека бевме во длабок минус, во моментов сме дојдени во состојба на стабилна нула и сега ние треба да почнеме да креваме. Покрај растот на трговијата во индустријата од 6% , ме радува и тоа што расте преработувачката индустрија од 6,6%. Расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар што е многу важно за нас. Тој расте многу повеќе од домашниот. Мислам дека домашниот пазар има околку 1,5 или 1,7 % пад, а прометот во трговијата во индустријата надвор е некаде околу 7,5-7,6 % – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека не треба да се заборави и параметарот за издадени одобренија за градба, кои, во месец ноември, државата ги има за 39-40 % повеќе.

СДСМ остави пустош и хаос по 7 години катастрофално владеење

- Advertisement -
Ad image

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДСM по 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„За краток период, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите. Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравството, образованието, како полицијата, а се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation