Топ Вести - Слушај сега
Европската Унија не е само најголем трговски партнер на Македонија – таа е најголемиот развоен и инвестициски партнер на земјата.
Во последните децении, преку Европската инвестициска банка се вложени 1,6 милијарди евра во инфраструктура, транспорт, енергетика, образовни и здравствени објекти и поддршка на општините.
Европските фондови финансираат модернизација на патната и на железничката инфраструктура, интерконекции за природен гас и електрична енергија, инвестиции во обновливи извори и подобро водоснабдување. Благодарение на ова партнерство, се реализираат проекти кои ја прават државата подобро поврзана со останатиот дел на Европа и економски поконкурентна и поодржлива.
Преку програмите IPA, земјата доби повеќе од 265 милиони евра во последната програмска рамка, вклучувајќи и значајна енергетска помош од 80 милиони евра. Овие средства придонесуваат за стабилност на енергетскиот систем, поддршка на ранливите категории и поттикнување на енергетската транзиција.
Европската Унија во 2025 година ја потврди својата стратешка определба кон регионот: Северна Македонија е прва земја корисник на Планот за раст, со 52 милиони евра за реформи што ќе ја олеснат интеграцијата на земјата во единствениот европски пазар.
Од овие средства, вкупно 24,4 милиони евра беа доделени како буџетска поддршка. Вкупната вредност на финансиската поддршка за Северна Македонија изнесува 750 милиони евра. Ова значи нови можности за трговија, инвестиции, финансиска поддршка и постепен пристап до единствениот пазар што ќе им овозможи на нашите граѓани предвреме да почувствуваат некои придобивки од интеграцијата во ЕУ.
ЕУ вложува во проекти со долгорочен ефект – подобра инфраструктура, зелени инвестиции, социјална инклузија, конкурентно претприемништво и одржлив економски раст. Ова партнерство не значи само финансиска помош, туку системска трансформација што ги подобрува условите за живот и работа во земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
