Среде тензичната ситуација на Балканот, обележана со протести во Србија и кризата по пресудата на Милорад Додик во Босна и Херцеговина, во Белград пристигна синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот.
Синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот слета во Белград, јавуваат медиуми блиски до српската влада. Како што јави агенцијата Танјуг, Трамп помладиот ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Најстариот син на американскиот претседател е претприемач и извршен потпретседател на Организацијата Трамп. Тој веќе ја посети српската престолнина, во септември 2024 година во екот на кампањата за претседателските избори во САД.
Тој организираше вечера со претставници на српското стопанство во еден од белградските хотели. Како што тогаш пишуваше порталот Nova.rs, темите на разговор биле инвестициите на Трамп, особено во недвижнини, хотели и дигитални медиуми, како и условите за водење бизнис во Србија и САД.
Семејствата Трамп и Кушнер се заинтересирани за Србија првенствено од деловни причини. Зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, планира да изгради хотел со брендот Трамп во Белград, меѓу другото, на местото на Министерството за одбрана на поранешна Југославија.
Tagged as:
пречекан со вжештена политичка атмосфера Синот на Доналд Трамп пристигнува во Белград
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
