Синоќа околу 21:40 часот, полициски службеници на подрачјето на општина Аеродром го привеле 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, по пријава за физички напад во казино.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 21:30 часот, кога Т.Ј., заедно со уште едно лице, физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, кој престојувал во Скопје.
По нападот, осомничениот се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот и вршеле службени дејствија.
Подоцна, во полициската станица, неговата 29-годишна сопруга поднела пријава дека истиот вечерта физички ја нападнал и во семејниот дом, по што биле преземени дополнителни мерки.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против Т.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.



























