Синоќа околу 21:15 часот, на улица 111 во Тетово, вооружени напаѓачи испукале рафали кон семејна куќа сопственост на лице со иницијали М.Т.
Според информациите од полицијата, сторителите пристигнале на скутер, отвориле оган со автоматско оружје и веднаш по нападот го напуштиле местото.
Во моментот на оружениот напад, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство. За среќа, никој не е повреден. На теренот се пронајдени околу 30 чаури, а фасадата и прозорците од куќата се со значителни оштетувања.
– Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид на лице место врши екипа при СВР Тетово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот го истражуваат надлежните органи, а јавноста е повикана да се воздржи од шпекулации додека трае истрагата. Мотивите за нападот засега не се познати.
Во меѓувреме, се појавија првите снимки по пукањето во Тетово:
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
