Синдикатот на УПОЗ утре ќе одржи получасовен протест, на кој околу 4.000 вработени ќе излезат пред зградите на нивните институции со барање да добијат 30% додаток на плата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Синдикатот на УПОЗ утре ќе одржи получасовен протест, на кој околу 4.000 вработени ќе излезат пред зградите на нивните институции со барање да добијат 30% додаток на плата.

Синдикатот најави дека утре ќе ги каже деталите на прес конференција.

Потврда дека ќе протестира синдикатот на УПОЗ добил од вработени во Државниот архив, Заводот за статистика, но и од Министерството за животна средина, за култура, за образование, за локална самоуправа, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и вработените во Министерството за дигитализација, за јавна администрација и во Министерството за економија и труд.

Како што претходно најави Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ, протестите ќе траат по половина час, од 11.30 часот до пладне, односно во периодот на нивната пауза, а вработените ќе бидат пред зградите на нивните министерства. Во министерствата нема да се извршуваат работни задачи за време на протестите со одделни исклучоци.

Протестите ги предизвика одлуката на Министерството за финансии да не им одобри 30% додаток на плата, односно не се потпишани колективни договори со кои е врзана исплатата на додатокот.

Додатокот на плата е исплатен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, во Генералниот секретаријат, во дел од здравството, образованието и во Министерството за финансии.

Синдикатот повика да се почне со штрајк како прва мерка. Нивното барање за покачување на платите не е предвидено ниту со закон, ниту со колективен договор. Затоа, оваа нивна постапка, упатени извори, ја толкуваа како директна уцена за решение надвор од законот и рекетарско однесување на ССМ и на УПОЗ кон Владата. Постапките на ССМ и претходно во јавноста беа поврзувани со агендата на ДУИ, Левица и на СДСМ.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, деновиве изјави дека треба да се разговара со повеќе министерства, пред сѐ во Министерството за финансии, „за евентуални дополнителни средства“ во државниот буџет со кои ќе се овозможат бараните 30%.

– Јас сметам дека таа сума е преголема. Факт е дека платите во администрацијата се мали, но постојат две опции – еден колективен договор за сите, но и индивидуални колективни договори за секоја институција посебно – рече Минчев.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article