Background

Синдикатите не сакаат да чекаат, бараат повисока плата веднаш

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата.

- Advertisement -
Ad image

Ова  денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со актуелните разговори за покачување на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници.

Премиерот истакна дека на синдикатите им била понудена формула по која би се пресметувале личните доходи за вработените во администрацијата, притоа нагласувајќи дека Владата инсистира доколку биде договорена, тоа да биде конечна формула по која ќе се исплаќа платата на вработените во администрацијата.

Мицкоски истакна дека во разговорите дел од раководството на ССМ се повикува на општиот колективен договор што синдикатот го има потпишано со претходната влада, што иако е истечен, во преодните и завршните одредби стои дека тој е во функција се додека не биде потпишан нов колективен договор.

Тој појасни дека поради оставениот простор за различно толкување на начинот на утврдување на висината на платите во јавната администрација, може да резултира со проблеми во пресметувањето така што Владата поради тоа предлага унифициран образец според кој би се утврдувала висината на личните доходи.

-Доколку ја примениме оваа формула, тогаш при исплатата на лични доходи ќе се создаде какофонија бидејќи постојат неколку документи што ја дефинираат платата, кои можат да се толкуваат различно. Ние сакаме унифициран образец по кој ќе се исплаќаат платите за администрацијата. Еден од трите члена каде се дефинираат платите во општиот колективен договор да го суспендираме и во периодот додека важи овој договор да договориме нов општ колективен договор. Тоа е некаде три години. Јас ценам дека за три години ако се седне ќе се направи многу повеќе отколку нова верзија на општ колективен договор. Доволно сме зрели и одговорни и мислам дека е тоа сосема доволно време – рече Мицкоски.

За самата формула како би се вршело пресметувањето, појасни дека начинот што го предлага Владата на крајот ќе значи повисоки плати за вработените во администрацијата и е различно од простото следење на покачувањето на минималецот.

Мицкоски истакна дека кога зборувал за просечната плата од 31.000 денари, зборувал за сума што во моментот била апликативна, за математички пресметката да биде полесна.

-Импровизирав со зголемување на минималните плати за 1.500 денари три години последователно. Сега без оваа понуда на Владата, на платата на административните службеници се додава зголемувањето на минималната плата. Ако админитративен службеник добива плата од 35.000 денари, а овогодинешното зголемување е 1.500 денари, тогаш платата би била 36.500 денари. Моделот што ние го нудиме е тој збир на платата да биде зголемен за 8%, тоа ќе даде дополнителни средства. Следната година во март да  претпоставиме повторно зголемувањето на минималната плата да биде 1.500 денари. Тоа ќе значи платата на админситративците да се зголеми повторно за 8%. Третата година, во март 2028 да претпоставиме дека повторно минималната плата ќе се зголеми за 1.500 денари. Тие средства трет пат по ред зголемени за 8% се минимум 40% од почетните 30.000 денари – рече тој.

Синдикатите бараат итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен раст од сто евра за сите останати, додека Владата застапува модел на постепен раст. Формулата што ја предлага Владата предвидува кумулативно зголемување од околу 40% до 2028 година, со годишни нивелации меѓу 7 и 8%.

Ставот на синдикатот засега е дека дека таквата долгорочна проекција не ги задоволува потребите на работниците имајќи ја предвид инфлацијата, така што ССМ се заканува со Генерален штрајк доколку не се постигне итен договор во рамките на Економско-социјалниот совет.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation