Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), Л.А., и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.
„На 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на второпријавениот. Додека, третопријавената, мајка на првопријавениот, за време на извршувањето на кривичното дело по телефон им давала информации за движењето на полициските патроли. Од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на првопријавениот и второпријавениот им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и на третопријавената мерка домашен притвор во траење од 30 дена“, информираше МВР.
Tagged as:
Син и мајка од Гевгелија криумчареле мигранти
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
