Маж од Радовишко силувал 12-годишно девојче од валансковско село, соопшти Јавното обвинителство. Педофилот заврши во притвор.
„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на радовишко, на 22 јануари имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа“, соопшти Јавното обвинителство.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе ги уништи трагите од кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, се додава во соопштението.
„Основниот суд во Гевгелија го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена“, соопшти ЈО.
За делото силување на дете според Кривичниот закиник е предвидена затворска казна од најмалку 8 години.