Моќен ветер зафати делови од Србија, вклучително и Белград, при што предизвика сериозни оштетувања и хаос на улиците на главниот град.
Градежен кран се урна поради силни ветришта кои довеле и до носење на контејнери по коловозите, што создаде дополнителен ризик за пешаците и возачите, објави српскиот портал Нова.
Се срушил и семафор во близина на „Београд на вода“ поради бурата, објави српски Телеграф.
Како што се наведува, станува збор за крстосницата на Булеварот Вудро Вилсон.
Делови од семафорот се расфрлани по коловозот, а тој е искривен и скршен, како што покажуваат фотографиите споделени на социјалните мрежи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
