Силни бури, со силен дожд и ветер, денес погодија делови од Босна и Херцеговина (БиХ).
Во Сребреник, во Тузланскиот кантон во Федерацијата Босна и Херцеговина, силни налети на ветер носеа сè пред себе.
Бурата го погоди и подрачјето на Брчко, каде што падна мраз со големина на ореви, што предизвика голема материјална штета.
Како што објави N1 Sarajevo, жителите пријавуваат штети во оранжерии, овоштарници и посеви со пченка, додека комуналните служби имаа полни раце работа со санирање на последиците. Некои домаќинства останаа без електрична енергија поради оштетување на мрежата.