Силен земјотрес утрово ја потресе Грција, поточно на островот Крит. Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтер.
Земјотресот бил на 134 километри од Ираклион, град на Крит со популација од 137.000 жители.
Ова подрачје е изложенo на земјотреси во текот на целата година. Вчера во едно село во Крит беше прогласена вонредна состојба, и иселени неколку куќи поради пукнатини кои се појавиле.