Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, го потресе градот Сисак, јужно од Загреб, објави ЕМСЦ.
Поради овој потрес, дел од Сисак остана без струја. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Загреб.
Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри.
– Како да пукна бомба – пишува жител на Сисак.
– Страшен удар, куќите се поместија, страшен звук на гром – сведочат граѓани на Сисак.
– Одамна не бilo толку силно и долго. Треперење во куќата. Силен удар и придружно тресење, многу непријатно – се вели во коментарите на социјалните мрежи.