Сиљановска-Давкова бара и за Македонија да важат истите правила како за сите

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија не ѝ ставила вето на Македонија на патот кон ЕУ и неговиот став за преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува со него. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот.

– Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена мене, туку е реплика на она што го прави и мора да го прави ЕУ, за да покаже дека во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето и оти таа е неразделна од заедничката надворешна и безбедносна политика, а ние многупати сме посочени како држава што е целосно усогласена со европската надворешна и безбедносна политика – рече претседателката.

Едно е какво е личното државно доживување, истакна Сиљановска Давкова, а друго е каква е реалноста.

– Јас тврдев, тврдам и знам дека сите европски политичари се свесни дека тажната неевропска македонска приказна нема да застане на нас, ќе биде една од следните приказни и покрај моето радување за напредувањето на некои држави во регионот – рече таа.

Претседателката на Македонија повтори дека ние не смееме да бидеме жртва на идентитетските прашања.

Идентитетските прашања, додаде таа, се надвор од која било преговарачка рамка, бидејќи се надвор од Договорот за ЕУ, од Лисабонскиот договор и од Повелбата за фундаментални права. Таму, подвлече, се гарантира националниот и културниот идентитет, не само на членките на ЕУ, туку и на кандидатите за членство во ЕУ.

– Ние не бараме никаков ексклузивен статус. Ние бараме стандардно однесување во духот на она што постојано го повторувам. Сакам да живеам во стандардна европска држава, не сакам да биде мојата држава исклучок од сите други, правилата треба да важат за сите – изјави таа.

Таа денеска потсети дека ЕУ побара од неколку европски тинк–тенкови, меѓу кои и „Елија меп“ од Грција да изработи анализа и да предложи решение за надминување на опасноста од билатерализацијата, односно за употребата и за злоупотребата на ветото во процесот на проширувањето.

– Денес проширувањето не е само европска демократска потреба, туку е насушна потреба за стабилизацијата и за безбедноста на регионот – рече таа.

- Advertisement -
Ad image

Претседателката денеска во Тирана се сретна со  Марјана Костофски – Фелах, член на Комитетот за национални малцинства при Владата на Република Албанија, Ендрит Фатаху, потпретседател на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска Алијанса за Европска интеграција, Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво Илинден и Славица Свидерска, професрока по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана.

– Самата албанска власт врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата им овозможува на малцинствата да можат да ги реализираат своите интереси. Најважно е колку ние ги слушаме, се среќаваме со нив и разговараме за нивните вистински проблеми, а тие се енормни и сè уште растат – рече Сиљановска Давкова.

Она што е најважно во моментот, нагласи таа, е донесената одлука за утрдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства.

- Advertisement -
Ad image

– Вака ова изгледса многу демократско, меѓутоа за да ставите забелешка на начинот на кој ќе се одвива оваа постапка или да имате приговор на резултатите, потребно е да имате двотретинско мнозинство зад себе, што е многу тешко за остварување. Ако некој е засегнат од оваа постапка, тогаш тоа се припадниците на македонското национално малцинство – изјави претседателката Сиљановска  Давкова.

Според неа, крајно време е да одговориме на овие проблеми, чие решавање, како што рече, за нас и за нив е важно, а воопшто не е голем проблемот.

– Кој би бил проблемот да го правите она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанства, да отворите повеќе гранични премини, кој е проблемот на пасошите на кои им е истечен рокот да им го продолжите, кој е проблемот како држава да интервенирате во доделувањето пасоши на луѓе кои имаат потреба. Тоа го прават сите во нашиот регион и во светот. Кој е проблемот да помогнете во изучувањето на македонскиот јазик, да отворите повеќе лекторати, онаму каде имате македонското малцинство да отворите уште некој Конзулат. Тоа е проблем врзан за идентитетот. Навистина е шокантно луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби – потенцираше претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова.

Таа беше децидна дека до надлежните ќе го пренесе уште овие денови, она, како што рече, е нивна насушна потреба.

Нагласувајќи ги добрите односи и разбирањето со Албанија, Сиљановска Давкова посочи дека во тие рамки треба да продолжиме онаму каде што некој застанал погрешно кога морал да биде уште поактивен.

– Ние сме тука обврзани да помагаме – изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Share This Article