Кинескиот претседател Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба и кревање на знамето на „Фуџијан“, првиот кинески носач на авиони опремен со електромагнетни катапулти, во јужната кинеска покраина Хајнан, објави Синхуа.
Си Џинпинг, кој е и претседател на Централната воена комисија, се качи на носачот на авиони за да го провери, а кој е прикотвен во морското пристаниште во градот Санја.
„Фуџијан“ беше лансиран во јуни 2022 година и е именуван по покраината Фуџијан.



























