Шведската полиција соопшти дека уапсила осомничен по вчерашната пукотница во која загинаа три лица во градот Упсала, објави Ројтерс.
Лицето е осомничено за убиство и е едно од неколкуте лица кои се испрашуваат како дел од истрагата, изјавија полициски службеници за новинарите.Полицијата соопшти дека се верува дека станува збор за „изолиран инцидент“ и дека не е поврзан со големите прослави на Валпургиската ноќ што се очекуваат во Упсала во среда.
Министерот за правда Гунар Штромер изјави дека овој напад е „исклучително сериозен“.
„Брутален чин на насилство се случи во центарот на Упсала. Полицијата потврди дека три лица ги загубија животите. Во исто време, цела Упсала го започна викендот Валпургис. Она што се случи е исклучително сериозно“, рече тој, додавајќи дека Министерството за правда е во близок контакт со полицијата и внимателно ги следи случувањата.