Австрија и Холандија ремизираа во првиот натпревар од третото коло во Групата 2 на 29. Светско првенство во ракомет.
Попладнево во Вараждин натпреварот заврши 37:37 (17:19).
Холанѓаните киксираа кога не очекуваа. Со пет бода немаат шанси за второто место во групата. Шанси за четвртфинле сега имаат Унгарија и Македонија.
Доколку Катар ја победи Унгарија, а Македонија слави против Франција, тогаш избраниците на Кире Лазаров ќе се пласираат меѓу најдобрите осум.
Во Групата 1, Швајцарија ја декласира Италија со 33:25.