Топ Вести - Слушај сега
Музејот „Лувр“ во Париз нема да биде отворен денеска, бидејќи вработените во познатата француска култруно-уметничка установа едногласно одлучија да штрајкуваат, поради „лоши услови за работа и недоволни финансиски средства“, како што соопштија синдикатите.
Најмалку 400 вработени во Лувр се состанаа на генерално собрание во 9 часот наутро за да гласаат за повикот на синдикатот за штрајк поради сè полошите услови за работа и сè полошите искуства на посетителите во музејот. Повикот за штрајк беше едногласно прифатен кратко по 10 часот наутро, објавува денешен „Монде“. Неколку десетици туристи чекаа пред „Лувр“ утрово со надеж дека ќе можат да влезат, но некои вработени во музејот им рекоа да не се враќаат пред пладне, објавува телевизијата „БФМ“.
– Се подготвуваме за силна мобилизација. Ќе имаме многу повеќе штрајкувачи од вообичаено, рече Кристијан Галани од „ЦГТ“ – мнозинскиот синдикат во Лувр.
Управата на Музејот соопшти дека ги брои вработените кои не штрајкуваат за да се разгледа можноста за повторно отворање. Во зависност од обемот на штрајкот на вработените, „Лувр“ би можел да затвори дел од своите простории или дури и целата зграда.
Минатата недела во Министерството за култура се одржаа состаноци со синдикатите, вклучително и еден со министерот, според наводите, како и дека ова можеби се случува со намера да се избегне затворањето на музејот во пресрет на божиќните празници. Соочен со барањата на синдикатите, министерот вети дека ќе го поништи намалувањето од 5,7 милиони евра на јавното финансирање за „Лувр“, планирано во буџетот за 2026 година, пишуваат француските медиуми.
Музејот доби 98,2 милиони евра државни субвенции во 2024 година. Покрај тоа, управата се соочува и со принудна реорганизација и обврска да одговори на прашањата за безбедносните пропусти што им дозволија на крадците да украдат осум скапоцени предмети на 19 октомври, коишто сè уште се водат како исчезнати.
Tagged as:
Штрајкуваат вработените во париски „Лувр“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
