Што се случува во телото ако испиете чаша вода на празен стомак

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Водата нема калории, го стимулира варењето и го забрзува метаболизмот и, најважно, ги отстранува токсините.

Водата е основа на животот – неопходна е за правилно функционирање на телото и треба да се пие во текот на целиот ден.

Пиењето доволно вода им помага на вашите ткива, ‘рбетот и зглобовите да бидат подобро заштитени, телото полесно да се ослободи од токсините, варењето да биде поефикасно, мозокот да функционира оптимално, кардиоваскуларниот систем да биде поздрав, а кожата и косата да бидат поубави, објавува City Magazine.

Навика што го освојува светот
Во последно време, сè повеќе луѓе го прифаќаат пиењето чаша вода веднаш по будењето. Оваа терапија со вода е составен дел од утринската рутина во Јапонија.

Се верува дека водата треба да биде топла или барем на собна температура, бидејќи ладната вода ги оптоварува органите за варење и го забавува целиот процес, пишува Ell.si.

Дали го подобрува варењето?
Бројни научни студии ја поддржуваат оваа практика. Експертите препорачуваат пиење вода на собна температура наутро на празен стомак, особено за луѓе кои имаат проблеми со запек – бидејќи ладната вода може да ја влоши состојбата.

Ако испиете чаша млака вода штом ќе се разбудите, во вашето тело ќе се активираат голем број позитивни промени, според „Healthline“.

Може да ослабете…

Водата нема калории, го стимулира варењето и го забрзува метаболизмот. Студиите покажуваат дека луѓето кои пијат половина литар вода 30 минути пред оброк јадат до 13 проценти помалку храна.

- Advertisement -
Ad image

Водата, заедно со здравата исхрана, може да биде важен сојузник во слабеењето.

Повеќе енергија наутро
Водата на празен стомак го стимулира производството на црвени крвни зрнца, па ќе чувствувате повеќе енергија на почетокот на денот.

Подобра елиминација на токсините
Редовното внесување вода му помага на телото да ги ослободи токсините преку столицата, урината и потта. На овој начин ја поттикнувате природната детоксикација на телото.

- Advertisement -
Ad image

Посилен имунитет
Едноставна навика како што е чаша вода на празен стомак може да му помогне на телото подобро да се бори против инфекциите и вирусите.

Подобра кожа
Дехидратацијата води до уморен изглед, повеќе брчки и сува кожа. Водата ја подобрува циркулацијата и ѝ помага на кожата да изгледа посветла и поздрава.

Поздрави црева
Водата наутро помага во чистењето на дигестивниот тракт. Често ќе почувствувате потреба да дефекирате по чаша вода, што може да го регулира варењето на храната.

Посилна и посјајна коса
Како и кожата, косата бара хидратација – водата сочинува до 25 проценти од составот на косата. Редовното внесување течности ја прави косата посилна и поотпорна на оштетување.

Спречување на главоболки
Честа причина за главоболки, лош здив и проблеми со непцата е недоволното внесување вода.

Побрз метаболизам
Ако сакате да ослабете, побрзиот метаболизам е клучен. Студиите покажуваат дека луѓето кои пијат вода наутро на празен стомак имаат до 25 проценти побрз метаболизам од оние кои не пијат.

Share This Article