Иако само неколкумина ќе ја освојат златната статуетка, сите номинирани во актерските и во режисерските категории на Оскарите ќе си заминат со ексклузивни подароци во вредност од шестцифрена сума, објави Јуроњуз.
Традиционалната торба со подароци „Секој победува“, која ја доделува маркетинг компанијата „Дистинктив Асетс“, и оваа година содржи впечатливи луксузни добра, козметички производи и ексклузивни услуги.
Основачот на компанијата, Лаш Фери, нагласи дека покрај гламурот, пакетот има и хуманитарна димензија, насочена кон поддршка на мали бизниси, компании во сопственост на малцински групи, жени-претприемачи и фирми со општествено одговорна мисија.
– По разорните пожари во Лос Анџелес, најдовме уште начини како нашиот луксузен подарок да ѝ помогне на заедницата – изјави Фери.
Покрај ексклузивните производи и престојот во врвни одморалишта, номинираните добиваат членство во „Брајт харбор“, организација што обезбедува финансиска помош до 1 милион долари за семејствата, погодени од пожарите. Дополнително, секој добитник на пакетот ќе има можност да искористи бесплатно управување со проект за реновирање на домот, обезбедено од компанијата „Мезон констракшн“.
Интересно е што секој од подароците може да биде пренаменет за жртви на пожарите.
– Без разлика на тоа дали ќе уживаат во нив или ќе ги донираат како пакет помош на пријател кој неодамна го загубил својот дом, овие подароци не ги создадовме врз основа на потребите на примателите, туку со желба да му го разубавиме денот некому – додава Фери.
Меѓу највпечатливите подароци во ексклузивниот пакет се:
Годинашното доделување на Оскарите ќе се одржи на 2 март.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
