Што планираат српските студенти на 27 јануари?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Студентите во Србија кои се во блокада ја пуштија веб страницата „Барањата не се исполнети“ (zahtevinisuispunjeni.rs), на која има часовник што отчукува наназад до понеделник, 27 јануари до 7 часот.

Под тајмерот, кој моментално одбројува нешто повеќе од 93 часа до 27 јануари, е напишана пораката „Се гледаме“.

Студентите на Инстаграм објавија и видео на кое се гледа играта „Човеку, не се лути“, по што беше напишано – „Налути се човеку, 27 јануари“.

Засега не се знае каков е планот на студентите за тој ден, јави Бета. Претходно, студентите во блокадата ги повикаа граѓаните на Србија на тотален прекин на сите активности в петок на 24 јануари, односно на генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“.

Вучиќ во средата изјави дека никој не би помислил да ги запре студентските блокади на факултетите и посочи дека власта во Србија секогаш е за дијалог, а дека опозицијата врши насилство.

– Кога упаднаа во нечии простории, ние не го направивме тоа, тие го направија тоа. Тие се оние кои се вклучени во насилство. Нам не ни треба насилство. Сакаме да разговараме со студентите, со сите. Тие победија, ние секогаш сме за дијалог и сакаме да рзговараме за барањата, дали се исполнети или не, или барем да ни кажат што не е исполнето, никогаш не слушнавме што не е исполнето, се чини дека нема – изјави српскиот претседател.

Share This Article