Бабата на пронајденото девојче Дуња Марковиќ, Даниела Ѓорѓевиќ, денеска изјави дека на тоа место никогаш не се случило вакво исчезнување на дете и дека верува дека некој го зел девојчето и го вратил на местото на кое е пронајдено, објави Танјуг.
– Утринава заклучив дека детето е пронајдено толку блиску што се сомневам дека првин било оведено, па доведено тука и оставено. Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето – рекла Ѓорѓевиќ.
Таа им се заблагодари и на полицијата и на луѓето за укажаната помош за што побргу да му се помогне на девојчето.
– Не можев да верувам дека ја нема, особено цела ноќ. Има само две години, не зборува многу, не ја ни научивме да зборува толку – вели таа.
Двегодишната Дуња Марковиќ, која исчезна во понеделникот во Уб, утрово е пронајдена во свесна и во комуникациска состојба и е пренесена на преглед во болница.
Девојчето го пронашло куче трагач од планинската спасувачка служба на оддалеченост од два-три километри од куќата, пренесува „Танјуг“.