Шпански спортист загина откако падобран не се отвори при скок во авион Трагична вест доаѓа од Шпанија. Карлос Суарез, долгогодишен екстремен спортист, почина во вторникот на 53-годишна возраст скокајќи од авион. Несреќата се случила во Толедо, каде Карлос скокал со уште четворица спортисти. За жал, неговиот падобран не се отвори, што доведе до негова смрт, пишуваат водечките шпански медиуми.
Карлос Суарез беше еден од најпознатите екстремни спортисти, признат и на национално и на меѓународно ниво. Несреќата се случила за време на снимањето на сцената за филмот „La Fiera“ (во превод: Ѕверот), кој требало да се базира на неговите искуства во светот на екстремните спортови.
Несреќата ја потврдиле службите за итна помош, а безживотното тело на Карлос било пронајдено набргу откако другите спортисти паднале со падобран и забележале дека исчезнал еден од членовите на тимот. Пожарникарите потврдија дека не е можно да се спаси животот на Карлос.
Покрај скокањето со падобран, Карлос Суарез беше и одличен планинар и тркач на патека. Во слободното време се занимавал со пишување. Почнал да се занимава со планинарење и качување на 13-годишна возраст и станал првиот алпинист кој без јаже се искачил на западниот врв на планината Наранјо де Булнес, висок преку две илјади метри. Тој исто така беше трикратен шампион во брзо качување.
Карлос во текот на кариерата доживеа неколку тешки несреќи, но последната за жал беше фатална.
Tagged as:
Шпански спортист загина откако падобран не се отвори при скок во авион
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
