Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови поврзани со операцијата „Епски бес“ против Иран. Одлуката, според шпанскиот весник „Паис“, се повикува на воени извори и директно ја отежнува логистиката на САД и Израел.
„Затворањето на воздушниот простор ја комплицира операцијата“, наведуваат извори, посочувајќи на нови рути и зголемен ризик.
Мерката опфаќа повеќе нивоа. Не се дозволува користење на базите Рота и Морон за борбени и танкер-авиони поврзани со нападите. Забранети се и прелети на американски авиони стационирани во други европски земји.
Сепак, редовните мисии и логистичката поддршка за американските сили во Европа продолжуваат без промени, наведува весникот. Базите Рота И Морно обезбедуваат логистичка поддршка за приближно 80.000 американски војници распоредени во Европа.
Шпанската одлука не ја запира операцијата, но ја забавува и ја прави посложена. Наместо директен пристап преку Шпанија, авионите ќе ја прелетуваат Франција. Бомбардерите што полетуваат од Ферфорд мора да ја прелетаат Франција од север кон југ и да полнат гориво кога ќе стигнат до Медитеранот, освен ако тоа не го сторат над француската територија, што носи поголем ризик.
Исто така, авионите „Б-2“ за полнење се потпираат на танкери „КЦ-46“ од Азорите, што дополнително ја растегнува операцијата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните противници на нападите на САД и Израел врз Иран, опишувајќи ги како неодговорни и нелегални.
Санчез неодамна рече дека Шпанците се на вистинската страна на историјата и дека ставот „без војна“ е темел на шпанската нација.
Шпанија ги заостри дипломатските односи со Израел уште за време на конфликтот во Газа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
