„Вака умре Марадона. Секој што ќе ви каже, почитувани судии, дека не разбрале што се случува со Диего, ќе ве излаже во лице. Сите оние кои го виделе вака како лежи во креветот пред неколку дена, би излажале доколку тврделе дека не учествувале во убиство“.
Вака изјави обвинителот во почетниот говор на судењето за причините на смртта на познатиот фудбалер, покажувајќи фотографија од фудбалерот кој лежи со екстремно надуен стомак. Ќерката на Марадона, Џанина, си го покри лицето за да не ја види фотографијата.
Со сличен тон, обвинителот потоа додаде:
– Вистината е правда. Денес Диего Армандо Марадона, неговите деца, неговото семејство и народот на Аргентина заслужуваат правда.
Седуммина здравствени работници се обвинети за убиство од небрежност во случајот.
– Тие доброволно ја презедоа оваа улога во домашна нега, не успевајќи да ги исполнат должностите на нивната позиција – рече обвинителот истакнувајќи дека Марадона не беше згрижен во болница туку дома.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
