Шест членови на партијата Десна утрово пред почетокот на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред зградата на Кривичниот суд изразија незадоволство и сомнежи во правичноста од водењето на постапката.
Преку транспаренти и кус говор рекоа дека се врши прогон на членовите на Десна, а партиското седиште било запечатено од истражните органи.
Во Основниот суд продолжи судењето на кое се очекува ОЈО да се произнесе по барањето на обвинетиот Палевски за изземање на целото скопско Обвинителство.