Северна Кореја денеска го окарактеризира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го окупираат Појасот Газа како празна закана.
Предлогот ги урна палестинските надежи за постигнување мир, соопшти Корејската централна новинска агенција, пренесе Ројтерс.
Трамп изјави дека САД имаат намера да го преселат населението во Газа и да ја претворат областа во „Ривиера на Блискиот Исток“.
Пјонгјанг, исто така, ги критикуваше најавите на Вашингтон за заземање на Панамскиот канал и Гренланд и одлуката на Трамп да го преименува Мексиканскиот Залив во Заливот на Америка.
Наведено е дека САД треба веднаш да престанат да го нарушуваат достоинството и суверенитетот на другите земји и народи, наведува Ројтерс.