Израелскиот премиер во 2002 година сведочејќи во американскиот Конгрес ги повикал САД да го нападнат Ирак, потсетува американскиот сенатор Берни Сандерс велејќи дека „Нетанјаху грешеше во врска со Ирак и дека греши сега во врска со Иран“.
„Ако го уништите режимот на Садам, ви гарантирам дека тоа ќе има огромни позитивни последици, рече Нетанјаху во тоа време. Војната во Ирак резултираше со 4.492 смртни случаи на американски војници, над 32.000 повреди и трошоци од приближно 3 трилиони долари. Стотици илјади Ирачани, исто така, загинаа како резултат на таа трагична војна“, предупреди Сандерс
Сенаторот предупреду дека САД не смеат да дозволат да влезат во „војната на Нетанјаху против Иран“.
Сандерс во понеделникот, 16 јуни, претстави закон со кој ќе се забрани користењето на федералните средства за воена акција на САД против Иран без изречно овластување од Конгресот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖