Организаторите на Изборот за песна на Евровизија се надеваат дека ќе ја пречекаат пејачката и поранешна победничка Селин Дион како специјална гостинка на финалето во Базел, Швајцарија, во мај.
Нејзиниот портпарол потврди дека разговорите се воделе, но ништо не е конечно договорено. Клучна причина е дека борбата која славната пејачка ја води со сериозна невролошка состојба, синдром на вкочанета личност.
Канадската ѕвезда која има 56 години долго време страда од болни грчеви во мускулите, а одлуките за секој нејзин потенцијален настап се носат во последен момент.
Дион присуствуваше на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз минатата година, што беше нејзин прв настап од 2019 година.
Инаку, во 1988 година, Дион победи на Евровизијата во Швајцарија со песната Ne Partez Pas Sans Moi – победа беше отскочна даска во нејзината понатамошна блескава кариера.
Оваа година Швајцарија ќе ја претставува 24-годишната Зое Ме. Најголемото музичко натпреварување ќе се одржи од 10 до 17 мај во Базел.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
