Секоја институција се штити како знае и умее, ќе се формира примарен дата центар

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Добро е што од нашите стратешки партнери добиваме искуство како да се заштитиме при евентуален сајбер напад, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Аеродром присуствуваше на вежба со симулиран сајбер хибриден напад. На настанот беа примопредадени минимум сајбер безбедносни стандарди за владините институции, на кои се работеше во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство.

– Денеска имавме вежба каде што беше симулиран сајбер напад на дел од институциите на државата и потоа, носење одлуки од страна на Кризниот штаб во Владата. Од сето ова може да се извлече само позитивна поука и кога, не дај боже, ќе се случи нешто слично да знаеме како да реагираме и кои се чекорите кои што треба да ги преземе Владата – рече премиерот Мицкоски.

Приоритет на Владата, додаде тој, е дигитализацијата на државата, нешто што е многу важно и значајно.

– Имаме огромен фокус на сето тоа и се обидуваме нешто што можеби во минатото било погрешно направено, да го коригираме. Ние имаме една чудна состојба, имаме recovery, секундарна заштита, односно Центар на податоци или познат како Дата центар, кој практично служи за поврат на изгубените податоци при сајбер напад, а немаме примарен дата центар и најголемиот дел од институциите и серверите користат outsourcing и така се штитат. Односно, да бидам попрецизен, секој се штити како знае и како умее, а тоа не е организиран пристап – рече Мицкоски.

Фокус на Владата, рече Мицкоски, е да се создаде примарен центар на податоци кој ќе биде поврзан со институциите на државата.

– И сето тоа е во рангот на приоритетите, исто како целокупната безбедност во државата. Во периодот што следи имаме и тука еден голем предизвик, кој веќе е ставен во приоритетите на Планот за раст, за што очекуваме и финансирање и помош од Европската Унија. Така што, сето ова е дел од безбедноста на државата и ние како Влада имаме одговорност таа безбедност да ја обезбедиме, бидејќи на тој начин го штитиме суверенитетот на Македонија како држава – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Share This Article