Според анкетата на Централна банка на Албанија, во 230 градежни објекти продадени се 863 станови и тоа само во втората половина на 2024 година.
Половина од овие продажби биле поддржани од банкарски кредити, додека 18 отсто од становите биле купени од странци, при што 77 отсто се од земји од Европската унија.
– Градежниците и агентите ја фокусираа својата активност главно на периферијата на Тирана, каде што се забележани високи зголемувања на цените и обемот на продажба. Во исто време, крајбрежните области како што се Драч, Валона и Саранда привлекуваат зголемен интерес и од домашни и од странски купувачи. Времетраењето на продажбата значително се намали во главниот град на 7,1 месеци од 9,7 месеци претходно, што одразува висока побарувачка и ефикасност во затворањето на трансакциите, објавија медиумите.
Во други области, просечното време, потребно до продажба, е намалено на 11,6 месеци.
Претставниците на градежните компании и агенциите за недвижности се оптимисти за иднината. Тие очекуваат понатамошно зголемување на цените и проширување на бројот на недвижности за продажба, особено во Тирана и приморските области.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
