Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека пронашло пушка за која постои сомнеж дека му припаѓала на напаѓачот што го усмрти политичкиот активист и сојузник на Доналд Трамп, Чарли Кирк.
Специјалниот агент од канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити, Роберт Колс, изјави дека освен пушката, истражителите дошле до уште неколку значајни траги.
– Покрај оружјето, пронајдовме обувки, отпечаток од дланка и прсти, како и јасен отпечаток од подлактница. Дополнително, имаме и слика на осомничениот – изјави Колс.
ФБИ отвори телефонска линија за граѓаните да доставуваат информации што би помогнале во откривање на атентаторот.
Првично, едно лице беше приведено под сомнение дека е извршител на убиството, но по полициското испрашување беше пуштено на слобода. Одделот за јавна безбедност на Јута потврди дека и двете лица кои накратко беа задржани „не се поврзани со пукањето“ врз Кирк.
Истражителите продолжуваат со интензивна потрага по вистинскиот напаѓач.