Топ Вести - Слушај сега
Поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон, тврди дека американските разузнавачки служби го истражуваат поради разговори со луѓе во Иран. Тој вели дека Централната разузнавачка агенција ги чита неговите пораки и дека подготвува можни обвиненија.
– ЦИА подготвува некаков вид кривична пријава против мене или поднесување до Министерството за правда за наводно кривично дело што сум го извршил – вели новинарот во објавена снимка на Икс.
Тој тврди дека причината се разговори со луѓе во Иран пред почетокот на војната.
– Тие ги читаа моите пораки – изјави Карлсон.
Според него, можните обвиненија би можеле да се темелат на Законот за регистрација на странски агенти. Законот бара лицата што работат за странски субјекти јавно да ги пријават тие активности.
Карлсон категорично ги отфрли таквите обвинувања.
– Јас не сум агент на странска сила. Лојален сум на Соединетите Американски Држави и никогаш не сум зел пари од никого – изјави тој.
Карлсон не приложи докази за своите тврдења. Американското списание Њузвик наведува дека не успеало независно да ги потврди неговите наводи.
Ниту Министерството за правда ниту ЦИА досега јавно не реагираа на обвинувањата.
Карлсон тврди дека дел од луѓето во агенцијата се лути на него поради неговите ставови за Израел.
Калрсон неодамна во својот поткаст изјави дека во најмалку три разговори се обидел да го убеди тогашниот американски претседател да се откаже од воена ескалација, предупредувајќи дека таква војна би можела да биде катастрофална за САД и за регионот.
Во тие разговори, Карлсон наводно му објаснил на Трамп дека конфликт со Иран може да се претвори во долга и скапа војна со непредвидливи последици.
Последните недели Карлсон повторно се најде во центарот на политичките дебати во САД. Причина се несогласувањата со поранешниот претседател Доналд Трамп.
Трамп неодамна го критикуваше водителот.
– Такер е надвор од колосек. Тој не е дел од движењето МАГА – изјави Трамп.
Карлсон претходно го критикуваше Трамп за политиката кон Блискиот Исток и за вмешаноста на САД во израелско-палестинскиот конфликт.
Карлсон вели дека разговорите со луѓе од различни земји се дел од неговата работа како новинар и коментатор.
„Мојата работа е постојано да разговарам со сите и да се обидувам да разберам што се случува во светот. Тоа е буквално она што го правам и нема да престанам“, напиша тој на Икс.
Tagged as:
Се шири јазот во МАГА по кавгата со Трамп
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
