Се предвидува да се воведат постпејд и припејд модели за наплата на патарина, како и можност за надополнување на електронските уреди М-карта и М-таг преку широка мрежа на малопродажни објекти низ целата земја.
– Целта е да се намалат гужвите на наплатните станици, да се зголеми ефикасноста и да се поттикне користење на електронски системи за плаќање – рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска Трајковска, која соопшти дека се поднесени измени на Законот за јавни патишта.
Измените кои ги поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се направени во консултација со министерот за транспорт Александар Николоски.
– Во предложениот закон се вклучува нова, појаснета дефиниција за експресен пат, што ќе овозможи подобро планирање и уредување на патната мрежа. Се проширува можноста за примена на мерки за забавување на сообраќајот на јавни патишта, во согласност со стандардите за сообраќајна безбедност сè со цел да се намалат ризиците и да се заштитат сите учесници во сообраќајот – рече Стаменковска Трајковска.
Пратеничката најави ослободување од патарина за специфични категории граѓани и тоа за лицата кои имаат извршена трансплантација на орган или ткиво, како и за донори на органи или ткива.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
