Background

Се открива идентитетот на напаѓачот кој уби најмалку 10 луѓе

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Граѓаните на Тамблер Риџ, во канадската провинција Британска Колумбија, каде што во пукање во средно училиште беа убиени најмалку 10 лица, го идентификувале напаѓачот како 18-годишно трансродово лице и поранешен ученик на училиштето, Џеси Стренг.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата соопшти дека вооруженото лице било пронајдено мртво на местото на настанот, со повреди што укажуваат дека си ги нанело самото, пренесе порталот „Вестерн Стандард“.

Според изјави на локални жители за медиумите, Стренг наводно пред да пристигне во училиштето ги убил мајката и помладиот брат, кои биле познати во заедницата. За овие информации засега нема официјална потврда.

Пукањето било пријавено во вторник околу 13:20 часот по локално време, по што полицијата издала итно предупредување и брзо интервенирала.

Според последните податоци, околу 27 лица се повредени, од кои две се во тешка состојба.

Полицијата претходно информираше дека во училиштето затекнала шест жртви и напаѓач со смртоносни повреди за кои се верува дека си ги нанел сам. Едно тешко повредено лице починало на пат кон болница, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.

Надлежните најавија дека во наредните денови ќе објават дополнителни информации.

Во безбедносното предупредување испратено за време на нападот, осомниченото лице било опишано како „жена облечена во фустан со кафеава коса“.

Според медиумите, ова е трето најсмртоносно пукање во историјата на Канада, по масакрот на Политехничкото училиште во 1989 година и нападот во провинцијата Нова Шкотска во 2020 година.

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби, порача дека владата ќе ја обезбеди сета потребна поддршка за заедницата, додека канадскиот премиер Марк Карни изрази сочувство до семејствата на жртвите и го откажа планираното патување во Германија.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation