Градските советници, денес ја одржаа педесет и деветтата седница. На дневен ред имаше 16 точки, од кои повеќето беа од урбанистичката сфера, а се донесоа одлуки за формирање на паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта и во ОСУ „Св.Климент Охридски“.
Со одлука на советниците, спортската сала беше предадена на трајно користење на ЈП „Билјанини извори“.