Background

Се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во Народната банка се одржа 56. сесија на Клубот на истражувачите, платформа за презентација и разгледување научноистражувачки трудови на Народната банка, којашто ја поддржува научноистражувачката дејност во земјава во изминатите 12 години.

- Advertisement -
Ad image

На оваа сесија беше претставен научниот труд „Оцена на фундаменталната вредност на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентен пристап“ од авторите Кирил Симеоновски, Гани Рамадани и Даница Уневска Андонова. Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарната политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева Терзијан, којашто истакна дека трудот обработува исклучително актуелна тема, особено релевантна за централната банка, имајќи ја предвид нејзината улога во спроведувањето на макропрудентната политика и за одржување на финансиската стабилност. Оттука, оцената на фундаменталната вредност на становите е од посебно значење за согледување на одржливоста на растот на цените на недвижностите, за навремено препознавање и спречување на натрупувањето на системски ризици и соодветна поддршка на финансиската стабилност.

Во анализата е изработен показател за оцена на цените на становите на македонскиот пазар на недвижности со примена на макропрудентниот пристап за анализа на капацитетот за позајмување. Показателот за капацитетот на домаќинствата за позајмување е пресметан како сооднос на пазарната и фундаменталната вредност на недвижностите, така што повисоката фактичка пазарна цена укажува дека цените на становите се преценети и со тоа се понедостапни, и обратно. Од анализата на македонскиот пазар на недвижности за периодот од кв. 1 од 2012 до кв. 4 од 2023 година, авторите заклучуваат дека цените на становите биле преценети речиси во целиот анализиран период. Анализата на чувствителноста на макропрудентните инструменти упатува дека намалувањето на регулативниот праг на показателот ДСТИ, којшто централните банки го користат како инструмент за спречување на прекумерната задолженост на населението, би ја намалило фундаменталната вредност на становите. Намалувањето на показателот ДСТИ би можело делумно да предизвика опаѓање на цените на становите, но ефектот би бил ограничен затоа што само дел од купопродажбите се финансирани преку станбени кредити. Сепак, имајќи предвид дека се работи за само еден можен аналитички пристап за оцена на фундаменталната вредност на становите, резултатите треба да се толкуваат претпазливо.

Сесиите на Клубот се одржуваат четирипати годишно. Народната банка објавува повик до истражувачите за презентирање труд, којшто може да биде и во работна верзија. Трудовите се работат во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, односно со солидна емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите учествуваат аналитичари и истражувачи од научно-образовни и финансиски институции, студенти и останати заинтересирани учесници или слушатели.

Зачленувањето е од отворен карактер и повеќе информации за Клубот може да се најдат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/klub_na_istrazhuvachi.nspx.

Следната сесија ќе се одржи во март наредната година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation