Background

Се чини дека нема преживеани во авионската несреќа

Се чини дека нема преживеани во авионската несреќа, изјави комесарот на полицијата во Ахмедабас, Г.С. Малик, за Асошиејтед Прес.

Тој додаде дека со оглед на тоа што авионот се урнал во станбена зона со канцеларии, „некои локални жители исто така би загинале.

– Се утврдуваат точните бројки за жртвите – рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Некои медиуми во Индија пренесоа дека стравувањата се дека повеќе од 100 лица се мртви во ужасната несреќа.

Скај Њуз јави дека според полицијата во Индија повеќе од 100 тела се пренесени во болница.

Авионот oд типот Боинг 787-8 Дримлајнер се урна напладне кратко по полетувањето од аеродромот Ахмедабад со повеќе од 240 лица во него. Моделот се смета за еден од најнапредните во светот.

Експертите се загрижени во врска со тешката хаварија. Експертот за авијација Џулијан Бреј изјави дека пилотите извикале „помош“, но дека е необично ваквиот авион да има технички проблеми.

Џон Мекдермид, професор по компјутерски науки на Универзитетот во Јорк со експертиза во безбедносното инженерство, за АП рече дека иако е прерано да се знае многу за причината за несреќата, на прв поглед се чини дека е многу изненадувачки.

Експертот вели дека ваквите авиони имаат многу можности за откажување на летот дури и во доцните фази од полетувањето, што, според него, значи дека проблемот се појавил „многу ненадејно во последниот дел од полетувањето, или кратко по полетувањето и бил доволно сериозен за да биде надвор од контрола“.

Фото: EPA-EFE/SIDDHARAJ SOLANKI

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation