Се бараат мерки за претпазливост за управителот кој градел на државно земјиште

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење, по член 244-а од Кривичниот законик. Објектот, станбена зграда со деловен простор и катност По+П+6+Пк, почнал да се гради нелегално во 2024 година на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула“ во општина Чаир.

Како што информираат од обвинителството, постапката е покрената по кривична пријава од група граѓани, по што бил извршен увид и ангажиран градежен вештак, кој утврдил дека објектот е веќе изграден до шестиот кат со целосно избетонирана армирано-бетонска конструкција и делумно ѕидање на надворешни и внатрешни ѕидови.

„По спроведена првична истрага и извршена експертиза од овластен судски вештак, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице кое, како управител на правно лице, се јавува и како инвеститор на објектот. Доставен е и предлог до судот за определување мерки на претпазливост, вклучително и забрана за изведување градежни работи“, изјавија од Основното јавно обвинителство Скопје.

Покрај забраната за продолжување на градбата, обвинителството бара и одземање на патната исправа на осомничениот, како и обврска редовно да се јавува кај службено лице.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, неодамна преку социјалните мрежи повика Јавното обвинителство да влезе во Општина Чаир, тврдејќи дека таму се уништува документација поврзана со дивоградбите:

– Во Чаир има повеќе од 150 документирани, утврдени дивоградби кои се спротивно на закон градени сега, а не во 2011 година, без или со фалсификувани документи – рече Арсовска.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, возврати дека Арсовска прави шоу и се однесува како истражен орган. Тој најави тужби за клевета, но призна дека во Чаир има дивоградби, иако, според него, во помал број од некои други скопски општини.

– Дивоградби има како и во сите скопски општини, но не ја уништуваме никаква документација – изјави Ганиу.

Во одбрана на Ганиу застана и првиот вицепремиер и лидер на Влен, Изет Меџити, кој ја обвини Арсовска дека по налог на ДУИ има за цел дестабилизација на албанските општини, најавувајќи кривична пријава против неа.

- Advertisement -
Ad image

Засега од кабинетот на скопската градоначалничка нема потврда дали до Обвинителството е доставена нова документација во врска со наводни фалсификувани документи и нови дивоградби.

Share This Article