Топ Вести - Слушај сега
Властите во САД ќе наменат дополнителни 500 милиони долари за рударството и за нови капацитети за преработка на критични минерали, со акцент на материјалите потребни за производство на батерии и енергетски технологии, бидејќи Вашингтон се стреми да ја намали зависноста од странски синџири на снабдување. Иницијативата е насочена кон минерали како што се литиум, бакар, графит, никел и алуминиум.
– Предолго време, Соединетите Американски Држави се потпираа на непријателски странски субјекти за снабдување и обработка на критичните материјали што се неопходни во производството на батерии и преработката – изјави секретарот за енергетика на САД Крис Рајт.
Според властите, зајакнувањето на домашните синџири на снабдување ќе ѝ помогне на земјата да ја задоволи растечката побарувачка за енергија и електрична енергија поврзана со вештачката интелигенција, а воедно ќе ги поддржи и пошироките цели за енергетска безбедност.
Иницијативата беше поддржана во време кога заменичката секретар за енергетика на САД, Одри Робертсон, присуствува во Јапонија, каде што разговара за соработка во однос на отпорноста на синџирот на снабдување, како и за очекуваниот трилатерален договор меѓу Вашингтон, Токио и Брисел за заеднички ископ и преработка на руди.
– Преработката на критични минерали е витална компонента за базата на снабдување со критични минерали на нашата нација. Зголемувањето на домашното производство, вклучително и преку рециклирање, ќе ја зајакне националната безбедност и ќе обезбеди Соединетите Американски Држави и нашите партнери да бидат подготвени да се соочат со енергетските предизвици на 21 век – истакна Робертсон.
Проектите ќе бидат избрани во три главни области: преработка на критични минерали од сурови суровини, рециклирање на критични материјали и производство на материјали и компоненти за батерии. Овој потег е дел од поширокиот напор на Вашингтон за обнова на домашните синџири за снабдување со критични минерали, кои во моментов се доминирани од надворешни центри за преработка, особено во Кина.
Од набројаните минерали, најверојатно најголема битка ширум светот ќе се води за бакарот. Бакарот влегува во нов суперциклус – цените остануваат високи, а војната во Иран го забрзува геополитичкото прегрупирање. Прогнозите на кредитната куќа „Фич“ за 2026–2028 година сега се повисоки, а глобалните аналитичари предупредуваат: светот влегува во ера на структурен недостиг на бакар што ќе ја промени индустријата, енергетиката и меѓународните односи.
Според UNCTAD, телото на Обединетите Нации за трговија и развој, светот влегува во долгорочен дефицит на бакар, што би можело да ја забави енергетската транзиција. Над 50% од светските резерви се концентрирани во пет земји – Чиле, Австралија, Перу, Конго и Русија, што го прави пазарот исклучително чувствителен на политички и општествени превирања.
Аналитичарите од „J.P. Morgan“ предвидуваат дека во 2026 година глобалниот дефицит на преработен бакар ќе достигне околу 330 илјади тони, а цените би можеле да скокнат на 12.500 долари за тон во вториот квартал од годинава.
Бакарот долго време беше ‘рбетот на индустријата, но во 2026 година се очекува да биде геополитички ресурс на „прва линија“. Електричните автомобили, батериите, обновливата енергија, центрите за податоци, инфраструктурата со вештачка интелигенција – сите бараат огромни количини на бакар. Во исто време, рударството е во застој, а конфликтите во клучните региони дополнително го потресуваат пазарот.
Од друга страна, Македонија има само еден активен рудник за бакар, иако според одредени проценки земјава поседува големо количество од овој ресурс. Работи единствено рудникот за бакар Бучим, заедно со новиот капацитет „Боров дол“, каде преработката дава околу 7.000 до 7.500 тони чисто злато и бакар годишно. Според извештаите на USGS, Геолошкиот завод на САД, кои датираат од пред неколку години, Македонија располага со околу 510 милиони тони бакар. Тие наведуваат дека само на локалитетот „Иловица-Штука“ се проценува дека има околу 410.000 тони чист бакар (во склоп на 237 милиони тони руда), а локалитетот „Кадиица“ кај Пехчево крие најмалку 100 милиони тони бакарна руда.
Се очекуваа оваа пролет пратениците во земјава да ги разгледуваат предложените закони за рударство и геологија, по што ќе биде јасно дали новоусвоените европски стандарди во индустријата ќе резултираат со развој на гранката, која со години има се помало учество во растот на индустриското производството и покрај огромниот потенцијал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
