Background

Се бара правото на слободно истражување на космосот

Граѓанската космичка агенција на Македонија поднесе иницијатива до Претседателот, до Собранието и до Министерството за надворешни работи, со која бара државата да изврши ратификација на меѓународните договори од областа на космичкото право, соопшти здружението.

Со иницијативата се бара и да се утврди официјалната македонска космичка политика.

„Со вселенската иницијативата бараме членство во Комитетот на Обединетите Нации за мирољубива употреба на космосот и во Европската космичка агенција. Бараме да се усвои Македонски космички законик, со кој ќе се кодифицира релевантното законодавство и ќе се основа Македонска агенција за космосот (МАК), како и признавање, почитување и примена на Македонската космичка декларација од 2 мај 2024 година“, соопшти Граѓанската космичка агенција на Македонија.

- Advertisement -
Ad image

И ние, македонските граѓани, имаме слобода за истражување на вселената и право на еднаков пристап до благодатите од нејзината употреба, се вело во соопштението.

„Време е државата достоинствено да ги признае, почитува, применува, гарантира и да ги заштитува овие права“, се додава во соопштението.

Граѓанската космичка агенција на Македонија се основа минатата недела на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на заедничка свечена седница на Меѓународниот комитет на космичкото движење и на Македонското космичко друштво Битола. Како што соопштија тогаш, целта е да се создаде нов, граѓански и научен пристап во вселенските активности на Македонија. Агенцијата е прва од ваков вид и е чекор кон граѓанско-научно вклучување во мирољубивото истражување и употреба на вселената.

Во македонското космичко друштво се обединети граѓански организации кои се активни во вселенските
активности, и тоа: Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското истражувачко друштво, Македонски студенти за истраување и развој од космосот и Здружението за вселенски развој. Претседател на друштвото е проф. д-р Ивица Милевски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation